На Груевски и Јанкулоска денеска ќе им се суди за луксузниот мерцедес од 600.000 евра

by fokus

Поранешниот премиер Никола Груевски и екс министерката Гордана Јанкулоска  денеска ќе седнат на обвинителна клупа во Кривичниот суд, каде што треба да им се суди за набавката на луксузниот мерцедес од 600.000 евра, во случајот што СЈО го отвори под името „Тенк“.

Според обвинението на СЈО, во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Никола Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која Министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес”, модел „С-600 гард”, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор М. А. ДООЕЛ, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот „Мерцедес”.

Денеска во Кривичниот суд ќе им се суди и на обвинетите во случаите „Труст“ и „Топлик“ на СЈО.

Поврзани новости