Џафери: За член од законот за јазици напишан на половина страница, ВМРО поднеле дури 222 амандмани

by Fokus

Собраниските служби досега превеле 17.000 од вкупно 34-те илјади амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ за законот за јазици, информираше на средба со новинарите претседателот на Парламентот, Талат Џафери.

– За член 9 од законот има 222 амандмани, а овој член нема повеќе од двеста збора. Член 5 има 318 амандамни и итн. Може да се каже дека опозицијата поднесе 34.000 амандмани зошто толку комбинации на букви и зборови излегуваат од законот – рече Џафери.

Според него, ВМРО на ваков начин има политичка цел да го блокира законот.

Поврзани новости