Коѕијас: Грција подготвува спогодба во четири точки

by Fokus

Предлози за името, иредентизмот, меѓународни и регионални односи на Македонија и мерки за позитивна агенда се четирите точки на нацрт спогодбата што Грција кон средината на февруари ќе и ја достави на Македонија. Ова го откри шефот на грчката дипломатија, говорејќи за грчката државната телевизија ЕРТ, јавува дописникот на МИА од Атина.

Според Коѕијас, спогодбата која уште е во фаза на формулација, најпрво ќе и биде презентирана на грчката, а потоа на македонската влада, доколку биде прифатена ќе претставува основа за решавање на проблемот, ќе треба да добие зелено светло од парламентите на двете земји и ќе го отвори патот на Македонија до НАТО и ЕУ.

– Во оваа спогодба ќе бидат вклучени сите теми што се отворени во врска со името. Посебно поглавје за иредентизмот, но и за темите што се однесуваат на иднината на земјата, за нејзината интеграција во меѓународни организации и позитивна агенда, како можат дополнително да се развијат нашите односите –  рече Коѕијас и објасни дека грчката страна сѐ уште ја подготвува нацрт спогодбата, а очекува кон средината на следниот месец да и биде доставена на македонската влада.

Поврзани новости