На Џастин Бибер му се заканува губење на слухот

by Fokus 11:04
11:04

Џастин Бибер боледува од синдромот „Рамзи Хант“, кој предизвикува парализа на лицето, а лекарите велат дека му претстои долго лекување.

Канадскиот поп-пејач можеби ќе треба да чека и до шест месеци за целосно да исчезне неговата парализа на лицето. Докторите предупредуваат дека синдромот може да предизвика и губење на слухот, но, како што истакнаа, му оди во прилог тоа што е млад и тоа дека болеста навреме била откриена. Во видеото на Инстаграм, музичарот вели:

– Ќе бидам добро, само потребно е време. Но, се надевам дека сѐ е в ред. Верувам во Господ и во тоа дека сѐ се случува со причина.

Џастин Бибер неодамна јавно ја откри својата дијагноза, покажувајќи дека десната страна на лицето му е парализирана и во мигот не може да трепка, ниту да се насмее или да ги движи ноздрите. Потоа ја откажа и најавената светската турнеја.

Поврзани новости