454
По повод Денот на АРМ – 18 август, денеска началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник, Горанчо Котески, ќе се обрати на свеченото постројување на вработените пред зградата на Министерството за одбрана.
Во присуство на министерот за одбрана Зоран Јолевски, неговиот заменик Иљми Селами, како и заменик-началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, на свеченоста ќе бидат прочитани наредби за унапредување, ќе се врачат плакети, благодарници и други стимулативни мерки.
Армијата периодов беше во фокусот поради тоа што тригодишниот мандат на генералот Котески е истечен, а претседателот Ѓорге Иванов ниту му доверил нов мандат, ниту назначил нов началник на ГШ на АРМ.