„Окта“ нема да му доставува нафта на „Макпетрол“

by Фокус

Поради блокираните сметки, скопската компанија „Окта“ одлучи да не доставува нафта до „Макпетрол“, а, како што објавија дел од медиумите, компанијата располага со залихи на своите бензиски пумпи за уште два дена.

Сметките на „Макпетрол“ беа замрзнати по отпочната истрага против повеќе лица во раководството, меѓу кои и претседателот на Управниот одбор Андреја Јосифовски, како и вработени во Централниот регистер и централниот Депозитар на хартии од вредност.

Полицијата ги сомничи дека учествувале во незаконско прелевање на капитал од АД „Макпетрол“ во Командитното друштво со акции „Оилко“, при што, искористувајќи ја службената, МВР смета дека осомничените им нанеле штета на акционерите од 6 милиони евра.

Поврзани новости