Продолжуваат разговорите за имплементација на договорот од Пржино

by Фокус

Претставници на четирите најголеми политички партии денеска во 13 часот во Клубот на пратенците продолжуваат со преговорите за имплементација на договорот од Пржино, по паузата од десетина дена.

На дневен ред треба да бидат измените на Изборниот законик, прочистување на Избирачкиот список, гласањето на дијаспората, надежностите на Државната изборна комисија…

Во овие разговори со посредништво на Белгиецот Питер Ванхојте, учествуваат Дамјан Манчевски и Цветанка Иванова од СДСМ, Никола Тодоров и Никола Поповски од ВМРО-ДПМНЕ, како и претставници од албанските ДУИ и ДПА.

Поврзани новости