„Навистина ми е несфатливо која е неможноста или неподготвеноста на Македонија, а особено на тамошната опозиција, да ги внесе Бугарите во својот Устав“.
Ова го изјави европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев за софиски „Дневник“.
Тврди дека Европската унија и САД направиле сѐ за да ја поддржат интеграцијата на Северна и почетокот на нејзините преговори за членство во ЕУ.
„Од наша страна има гестови на добра волја за да можат и тие да тргнат на патот на евроинтеграциите и да ја надминат носталгијата, инерцијата од времето на Титова Југославија“, изјави Ковачев кој вели дека „не постои начин сите земји од Западен Балкан да можат истовремено да влезат во ЕУ.
„Сите мислиме дека најлесно ќе биде да се интегрира Црна Гора во Европската унија, потоа се преговорите со Албанија. Се надевам дека доколку има политичка желба во Скопје за промени, ќе почнат и тие преговори. Се надевам дека ќе се најдат прифатливи решенија за признавање меѓу Приштина и Белград. За да не ги очајува граѓаните на овие земји, Европската унија мора да им се отвори за различни проекти, програми и иницијативи“ порача тој.