Вонредна состојба – Десетици илјади луѓе останаа без струја

by Fokus

Десетици илјади луѓе во регионот на Нова Англија во САД и во источна Канада останаа без електрична енергија поради ударот на бурата „Ли“, која донесе обилни врнежи.

Невремето се движи кон североисточниот дел на северноамериканскиот континент, а може да ги погоди канадските провинции Њу Бранзвик и Нова Шкотска.

Во Мејн, државата со најмногу површини покриени со шуми во САД, почвата е натопена, а дрвјата се многу ослабени и поради невремето и поради обилните летни дождови, а како што најавуваат метеоролозите, најсилните удари на невремето допрва треба да се очекуваат.

„Ни претстои долг пат, а веќе гледаме соборени дрвја и прекин на електричната енергија“, изјави метеорологот Тод Фоази, пренесе АП.

Во Масачусетс беше прогласена вонредна состојба и беше испратена федерална помош во таа американска држава.

Во сила е предупредување за наплив на бура од границата на Њу Хемпшир и Мејн до Нова Шкотска, Канада.

Немаше ниту влезни ниту појдовни летови на Халифакс Стенфилд, најголемиот аеродром во Нова Шкотска.

Поврзани новости