568
На тројца бугарски новинари од телевизијата „24 часа“ пред четири дена не им било дозволено да влезат во Македонија. Македонските погранични власти од преминот „Делчево“ ги вратиле новинарите назад.
-По проверка на личните документи, за кои немаше сомнеж дека се валидни, новинарите беа замолени да ја преместат колата и да почекаат. При проверка во автомобилот полицајците видоа фотоапарат и лаптоп и веднаш прашаа за целта на посетата во Македонија. Одговоривме дека сме новинари, при што еден од полицајците ни рече дека сме требале да имаме дозвола од амбасадата, изјави еден од новинарите.
Од МВР велат дека новинарите немале дозвола за работна посета во земјава и затоа биле вратени од граница.