Протести и контрапротести во повеќе градови низ Македонија

by Фокус

По вчерашната пауза од еден ден, за вечерва протести се закажани во повеќе градови низ Македонија.

Иницијативата „Протестирам” најави протест во 18 часот попладне, кој ќе започне пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство во Скопје.

Против одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за општото помилување ќе се протестира и во Битола, Штип, Велес, Струмица и Куманово. Поддршка за протестите, во меѓувреме дадоа и помалите партии на албанците во Македонија.

Истовремено, од Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) во 19 часот организираат контрапротести на плоштадите во Битола, Штип и Велес, против, како што велат, кризата наметната од опозицијата.

Поврзани новости