620
Најпознатиот Божиќен панаѓур во Франција, во Стразбур, денеска е отворен под силна полициска заштита.
Пред една година теорист на овој панаѓур со нож и пиштол уби пет лица, по што беше убиен од полицијата.
Градските власти соопштија дека на годинешниот Божиќен панаѓур има 500 полицајци во цивилна облека и оти на влезот ќе се претресуваат сите посетители.
Стразбур очекува од саемот да заработи 250 милиони евра, со инвестиција од околу пет милиони евра, вклучително и безбедноста која годинава чини еден милион евра.