На Алпите се преврте автобус со 40 ученици

by fokus

Автобус кој превезувал деца се превртел на француските Алпи и завршил во поток. Во автобусот се превезувале 40 ученици од основно образование.

Возачот и сопатникот се најтешко повредени, додека 18 од децата се здобиле со полесни повреди, изјави Фабиен Мулик, градоначалник на градот Корп, каде што се случила несреќата. Децата се добро и надвор од животна опасност.

Градоначалникот додаде дека најверојатното сценарио е дека возачот имал некаков медицински проблем додека бил зад воланот. Условите на патот биле добро, односно немало снег и мраз.

Поврзани новости