На аеродромот во Минхен во куфер пронајдени 1,4 милиони евра

by Fokus

На крајот на декември, при безбедносната проверка на аеродромот во Минхен, цариниците во куфер пронашле вкупно 1,4 милиони евра. Како што пренесува магазинот „Феникс“, вработени во безбедносната компанија го снимиле куферот, што е рутинска мерка, и ги забележале банкнотите.

Компанијата за обезбедување веднаш ја известила царината на аеродромот, која ги преброила парите и дошла до „неверојатно висока сума“ од 1,4 милиони евра.

„Кога заминувате од земја надвор од ЕУ, сите суми над 10.000 евра мора да се пријават на царина“, вели портпаролот на царинската истражна канцеларија.

Човекот со куферот се обидел да се качи во авионот, но истражителите го дознале неговиот идентитет од багажот и го запреле.

На барање на јавниот обвинител, истражниот судија на окружниот суд во Ландшут наредил одземање на готовината. На мажот му биле одземени два мобилни телефони и му е одредена мерка притвор.

Истиот ден, инспекторите извршиле претрес во станот на 44-годишниот во областа Фурстенфелдрук. Таму нашле готовина и машина за броење пари.

Поврзани новости