358
Судскиот совет на закажаната седница на 8 ноември ќе ја разгледува оставката на в.д. претседателот на Кривичен суд, Стојанче Рибарев.
Во својата оставка испратена до судскиот совет Рибарев навел дека причините за неговото повлекување се од лична природа.
Како други точки на дневен ред на седницата се ставени и усвојување на конечнa ранг листa на кандидатите за претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје, потоа донесување на одлука за избор на претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје, по одлука бр.08-1030/1 од 20.07.2017 година.