Јавната седница во Апелација за случајот Тендери одложена за утре

by Fokus

Јавната седница во Апелациониот суд на која што требаше да се разгледаат жалбите на СЈО поднесени по одлуката на Кривичниот суд да ги одбие „бомбите“ како доказ во случајот Тендери се одложи за утре.

Како што појаснија од Апелација, претседавачот на Советот, судијката Лилјана Шопова е на службен пат, па затоа побараа седницата да се одржи утре.

Во случајот Тендери, првообвинета е екс министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Поврзани новости