На 29 ноември администрацијата и училиштата во Скопје да работат до пладне, а 30 ноември да им биде неработен ден, одлучи Владата

by Fokus

Владата донесе одлука на 29 ноември, државната и јавната администрација, на подрачјето на Град Скопје, да работи до 12 часот, а 30 на ноември за нив да биде неработен ден. Одлуката за редуцирано работно време, Владата ја донесе на денешната седница, а која е на предлог на Министерството на надворешни работи, поради 30-от министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември во Скопје.

„Овие заклучоци се однесуваат и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, а не се однесуваат на детските градинки и здравствените установи на подрачјето на град Скопје – коишто е потребно да изработат сопствени планови за работењето, со цел непречено функционирање“, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Од Владата упатуваат препорака до општините во градот Скопје и на Град Скопје да ги спроведат заклучоците за редуцираното работно време.

Оваа препорака, се однесува и на приватниот сектор на подрачјето на градот Скопје, посебно од подрачјето на Општината Карпош и на општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“.

Поврзани новости