913
На 28 април во Македонија ќе стигнат 200 илјади кинески вакцини, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче, потенцирајќи дека потврдата ја добил утрово од Кинеската амбасада во земјава.
„Со оглед на тоа дека поголема пратка на вакцини која е очекуваме е од Кина, се планира масовна вакцинација и во повеќе градови освен во Скопје, и тоа во објекти во: Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово, кои ќе ги покријат и околните градови“, рече Филипче.