Обезбедени се вкупно два милиони и 600 илјади вакцини и нема потреба за нови нарачки, вели Филипче

by Fokus

Запрашан дали Македонија ќе порача вакцини од српската компанија Торлак, кој најави дека после 20 мај ќе пушти во употреба вакцини против Ковид-19, министерот за здравство, Венко Филипче категорично рече дека нема потреба од нови нарачки за нашата земја.

„Не ни треба повеќе нарачки на вакцини. Со сите договори имаме обезбедено два милиони и 600 илјади вакцини. Тука процесот е заокружен. Засега нема потреба од нова нарачка, дозите се испланирани веќе“, истакна Филипче.

Поврзани новости