Филипче: После тој мини-пик, денеска значително намалување на бројот на новозаразени

by Fokus

Откако пред неколку дена бројот на новозаразени се движеше од 1200 до 1400 лица дневно, министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека има намалување на бројот на новозаразени во земјава.

„После тој мини-пик што беше пред неколку дена, денеска имаме намалување на бројот новодијагностицирани од корона вирусот и бројката е нешто под 900 лица. Тоа значи дека мерките се добри, а со тоа се олеснува и работата на здравствените работници“, истакна Филипче.

Поврзани новости