На три судски рочишта беше завршена доказната постапка за случајот „Змиско око 2“, поради што за на 13 октомври се закажани завршните зборови. Пресудата пак ќе биде изречена на 21 октомври, информираат од Кривичниот суд.
Во овој случај се обвинети 22 поранешни инкасанти и вработени на патарините, кои се гонеа дека дел од парите за патарина ги ставале в џеб.
На овој случај му претходеше и „Змиско око 1“, со над 70 обвинети.
По тринаесет години низ судските лавиринти, првостепената пресуда беше изречена во февруари. Претходно Кривичниот суд во два наврати донесе пресуди, но истите паѓаа на Апелација.
Третата првостепена пресуда ја донесе судијата Владимир Туфегџиќ, кој го суди и „Змиско око 2“.
Обвинетите по толку години очекуваа ослободителна пресуда, но само четворица добија ослободителна, а останатите беа осудени на условни казни.
В.В.