Почина поранешниот југословенски ракометен репрезентативец Златко Портнер

by Fokus 12:54
12:54

Поранешниот југословенски ракометар Златко Портнер почина во Швајцарија ненадејно на 58-годишна возраст.

Портнер беше член на славната генерација на југословенски ракомет од 80-тите години на минатиот век. Кариерата ја започна во Хртковци, па играше за Црвенка пред да потпише за Металопластика со која два пати стана европски шампион.

- Advertising -

Следна негова дестинација беше Барселона, со која исто така го освпои Купот на шампионите. Играше и во Франција и Швајцарија.

Со репрезентацијата на Југославија, Портнер освои злато на Светското првенство во Швајцарија во 1986 година и бронза на Олимписките игри во Сеул во 1988 година.

Поврзани новости