Во изминатите три години најмногу се вработувало во МВР, а најмалку во одбрана

by fokus 13:21
13:21

Од државните институции, во периодот од 2017 до 2010 година, најмногу се вработувало во Министерството за внатрешни работи. Ова го покажала анализата на Центарот за граѓански комуникации.

Најголем скок на бројот на нововработени има во полицијата (за 570 луѓе), а најголем пад во одбраната (168 помалку). Кај општините, пак, најголемо зголемување на вработените има во Бутел (за 122 луѓе), а најголемо намалување во Карпош (за 124 луѓе), се наведува во анализата.

- Advertising -

 Од 2017 до 2020 година, пак, вкупниот број на вработени во министерствата пораснал за 3 проценти (односно за 540 луѓе), а во општините за 2 проценти (односно за 154 луѓе).

Министерствата и Владата бележат зголемување на вработувањата по сите основи. Сепак, бројот на привремено вработени луѓе во министерствата и Владата скокнал дури за 337 проценти за последните три години, односно од 62 на 271.  Кај општините, пак, има зголемување на редовните и привремените вработувања, но намалување на бројот на ангажирани луѓе на договор на дело за 31 процент, односно од 620 на 428 луѓе, се наведува во анализата. 

Вкупен број на вработени најмногу има во МВР.

Инаку, од министерствата, најмногу вработени и ангажирани, односно 12.263 луѓе има во МВР, а од општините најмногу луѓе – 747 работат во Град Скопје, се наведува во анализата.

Поврзани новости