Њујорк тајмс: Македонија глуми реформи и го лаже Брисел со интегративните процеси

by Фокус 20:08
20:08

-Додека оваа земја глуми реформи и го лаже Брисел со интегративните процеси, владејачкиот режим продолжува со балкански стил на „функционална демократија“. Вработувањето во владата е условено со гласање за партијата на власт, додека е затворена една од телевизиите кои ја критикуваа власта. Владеачката партија ВМРО ДПМНЕ ги користи изборите да покаже како на опозицијата не може да и се верува и да подготви избори како само би била избрана, пишува реномираниот „Њујорк тајмс“ во текстот посветен на Македонија со наслов „Македонија на раскрсница“.

Весникот пишува дека Македонија стои на страна, во предсобјето на Европа, изолирана поради проблеми со името, и се заканува етнички судир, а е демолирана поради слабата економија поради која оваа земја е на прво место во Европа по невработеност. Во текстот се вели дека не изненадува што оваа земја во последните пет години ја напуштиле повеќе од 300 илјади граѓани.

- Advertisements -

Што се однесува до аферата со прислушувањето, „Њујорк тајмс“ вели дека лидерот на опозицијата ги обелоденил еден од најголемите скандали во земјава, каде власта следела и снимала незаконско прислушувани телефонски разговори на опозициските политичари, министри, други државни функционери, новинари и невладини сектори.

Поврзани новости