СДСМ: Нашето присуство на Конгресот на ПЕС силно го вознемири Груевски

by Фокус

-Присуството на делегацијата на СДСМ, предводена од лидерот Зоран Заев, на Конгресот на ПЕС и изразената силна меѓународна поддршка за опозицијата во враќањето на слободата, демократијата и европските вредности очигледно предизвикува огромна вознемиреност кај Никола Груевски, пишува во денешното соопштение на СДСМ.

Од опозициската партија велат дека вознемиреноста на Груевски се манифестирала со нарачките на конструкции и невистини во провладините медиуми.

-Веста објавена на Сител телевизија, за исклучување на СДСМ од Социјалистичка интернационала (СИ), наводно поради конструираниот случај Пуч, е неточна и контрадикторна конструкција на власта. Дури и самиот автор на текстот ја демантира оваа лага на крајот од текстот кадешто е наведено дека полноправното членство на СДСМ во Социјалистичката интернационала всушност престанало во 2013 година, стои понатаму во соопштението на СДСМ.

Од СДСМ велат дека тие во рамки на своето дејствување на меѓународен план се определиле за Прогресивната алијанса (ПА), во која членуваат СПД-Германија, британската Лабуристичка партија, француските социјалисти и Демократската партија од САД.

Поврзани новости