МЗШВ тврди дека дојранските „пирани” не се опасни за луѓето

by fokus

Необичниот вид на риба кој беше уловен во Дојранското Езеро дополнително ќе се истражува. Првичните резултати од Институтот за сточарство покажале дека се работи за црвеностомачна пирана, но за да се потврди наодот, ќе се прави дополнителна анализа во Перу и Бразил.

Сепак, од Министерството за земјоделство, иако не се сигурни за какви риби се работи, тврдат дека тие не се опасни за луѓето.

Иако од Хидробиолошкиот завод од Охрид завчера тврдеа дека рибата не е пирана, туку станува збор за амазонски паку, аквариумска риба од фамилијата на пираните. Ваквиот тип риба не живее во водите во Македонија, така што претпоставките се дека станува збор за аквариумски примероци, а дополнително ќе се истражува дали можат да опстојуваат и да се размножуваат во водите на Дојранското Езеро.

Од Министерството за земјоделство и општина Дојран обвинуваат дека на овој начин намерно се води негативна кампања против Дојранската туристичка дестинација.

Поврзани новости