Претставници од министерството за земјоделство шумарство и водостопанство при денешната посета на откупен центар во Росоман констатирале дека непречено се одвива откупот на праската. Цената на оваа коскесто овошје се движи од 15 до 20 денари за килограм, во зависност од квалитетот на праската.
Од министерството тврдат дека проблемот кој се појавил со болеста монолинија врз праската се надминал и откупот се одвива непречено.
Трајан Димкоски од МЗШВ вели дека дури 60 % од македонската праска завршува на рускиот пазар. Проблемите кои се појавиле се надминаа, овошјето се откупува, се товари и патува за Русија.
„Првите камиони се стигнати и нема никакви проблеми . Многу трговици се плашеа дали ќе бидат вратени. ДИЗ е отворен за соработка. Постојано имаме инспектори на терен. Робата не смее да чека. Фитосанитарната лабораторија дежураше и сабота и недела за примање и издавање на анализи за да бидеме експедивни, со цел производот да се извезе и да нема застој“, вели Димкоски.
Дел од присутните производители на праска на денешната средба со Министерството и откупувачите во Росоман потенцираат дека изминатите неколку дена информациите кои се пласирале во јавноста за наводни проблеми со откупот на праската биле политички мотивирани случаи.
На откупниот пункт во Росоман неколку камиони чекаа да се наполнат и да заминат на пазарите во Русија, Косово и Црна Гора.