514
Министерството за здравство ја информира јавноста дека во Република Македонија нема инсулинска криза.
– Преку донација од компанијата производител се обезбедени доволни количества инсулин во земјава. Министерството ги уверува болните од дијабетес, кои имаат потреба од инсулин дека може да бидат спокојни, бидејќи овој лек го има.
Исто така, сакаме да потенцираме дека проблемот кој го имавме неодамна, беше причина повеќе Министерството да почне со изработка на ново законско решение, процес кој веќе е во тек, односно веќе се работи на системско решавање на овој проблем и создавање предуслови, со кои ќе спречиме во иднина да се јавуваат вакви или слични проблеми, бидејќи не смее да биде загрозено здравјето на ниту еден поединец во Република Македонија – се наведува во соопштението на министерството за здравство.