Во моментот се прават последните технички прилагодувања на веб страницата на која граѓаните може да се пријават за вакцинација против Ковид -19, информира попладнево Министерството за здравство.
Оттаму додаваат дека штом се овозможи целосна функција на веб страницата, јавноста ќе биде информирана.
– Министерството за здравство информира дека во моментов се прават последните технички прилагодувања на веб-страницата преку која граѓаните ќе можат да се пријавуваат со изразување заинтересираност за вакцинација против КОВИД-19. Штом се овозможи целосна функција на веб-страницата, ќе информираме повторно, се вели во соопштението.
Освен по електронски пат со регистрација на веб страницата за вакцинација ( https://vakcinacija.mk/ ) , пријавувањето за вакцини ќе се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.