Заев: Можно е вакцините Фајзер од Србија да стигнат уште утре, а кинеските на 15 или 16 февруари

by fokus 13:14
13:14

Премиеропт Зоран Заев изјави дека е можно вакцините Фајзер од Србија да пристигнат уште утре во земјава, а кинеските вакцини на Синофарм на 15 или 16 февруари.

– Во делот на вакцинацијата ние секој ден се надеваме час поскоро да стигнат вакцините. Имаме најава дека дури и утре, но се уште немаме потврдено, и затоа нема да кажам детали дека може да се случи да стигнат први вакцини во нашата земја, тоа ќе го знаеме денеска попладне дали ќе биде така. Она кое што го очекуваме во делот на кинеските вакцини е 15-16-ти, секако денеска очекувам да се случи плаќањето од страна на нашата земја за да може да се испланира пакувањето, обезбедувањето на превозот од Кина на овие 200 илјади вакцини до овде во Скопје. Така што денови се пред нас кога ќе стигнат вакцините, вели Заев на новинарско прашање напрес-конференција во Владата.

- Advertisements -

Според него, она што е многу важно, е што системот за вакција ни е целосно подготвен.

-Очекуваме Фајзер вакцини, очекуваме Синофарм вакцини најбрзо да дојдат. Секако, отворени ни се механизмите на набавка на Фајзер, АстраЗенека и Модерна преку КОВАКС-системот, преку ЕУ секој ден очекуваме ново решение. Комесарот Вархеји најави 70 милиони евра, зборува дури и за авансно плаќање да се платат само час поскоро за на Западен Балкан да стигнат вакцините, вели Заев.

Посочи дека нашиот договор со Фајзер е за испорака на вакцини некаде втора половина на февруари, на 5.850 дози, односно од понеделник натаму.

– Верувам дека сите ќе ја преземеме одговорноста и апелирам, почнувајќи од мене да ја примиме вакцината за да можеме брзо да го стекнеме имунитетот во целата оваа наша земја заради тоа што влијае комплетно не само на здравствениот аспект и сочувување на здравјето и животот на нашите граѓани, туку и економските аспекти, нормалната живеачка, социјалниот живот кои исто така се многу важни. Верувам дека сите ќе се вклучиме паралелно во испраќањето на пораката за час поскоро да се прими вакцината, порача Заев.

Поврзани новости