МВР заплени непријавен тутун „Вирџинија“ во Могила

by fokus

МВР во полициска аквија во село Могила утринава откри непријaвени 24.826 килограми тутун тип „Вирџинија“ и шест ниви со насади од овој тип тутун.

Акцијата ја спровеле СВР Битола и Државниот инпекторат за земјоделство во координација, за пронаоѓање насади и обработка на тутун „Вирџинија“, кои не се пријавени и немаат договор со регистрираните откупувачи, а согласно Законот за тутун не смеат да се произведуваат.

Државниот инспекторат за земјоделство издадал пет платни налози  од 1.000 евра за пет физички лица и еден од 20.000 евра за едно правно лице, односно вкупно шест платни налози во износ од 25.000 евра. Истовремено од страна на Државниот инспекторат за земјоделство се издадени три решенија за разорување ниви, а во постапка се издавање на уште три решенија за разорување ниви насадени со тутун од типот „Вирџинија“.

Поврзани новости