362
Министерството за внатрешни работи објави јавен оглас за вработување на пет лица на неопределено време. МВР има потреба од два хаус мајстори во Скопје, два во Куманово и два општи работници во Секторот за внатрешни работи во Скопје.
Кандидатите треба да имаат завршено средбо образование, но не мора да имаат и работно искуство.
Основната нето плата за работните места изнесува 16.560 денари.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови: да е државјанин на Република Македонија; да е полнолетен; да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.