525
Отсеците за управни работи во Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово и во Штип од вчера па до крајот на август ќе работат во две смени, од 8.30 до 20 часот, информираат од МВР.
Причина за ова е зголемениот обем на работа, а и да им се олесни на граѓаните да можат да ги завршат административните работи и по работното време.
Отсега проверката дали на возачот му е изречена забрана за управување со моторно возило, постапка што е потребна за вадење меѓународна возачка дозвола, ќе може да се врши и на шалтерите на МВР во станиците за технички преглед.