Заев-Пенс: Поддршка од САД за реформите во државата

by fokus

Премиерот Зоран Заев, синоќа имаше телефонски разговор со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, соопшти владината прес-служба.

Американскиот потпретседател ги поздравил процесите што ги започна новата Влада за демократија, слобода и правда во Република Македонија. Пенс ги оценил чекорите на новата Влада на полето на добрососедските односи како меѓународни успеси.

„Потпретседателот Пенс изрази поддршка на Планот 3 – 6 – 9 што го усвои Владата за реализација на итните реформски приоритети. Исто така американскиот потпретседател пренесе поздрави до премиерот Заев, новата Влада и граѓаните на Македонија од претседателот на САД, Доналд Трамп и од американската администрација“, се наведува во соопштението.

Заев констатирал дека членството на Црна Гора во НАТО е охрабрување за целиот регион и дека Македонија со силната посветеност кон реализацијата на потребните реформи, се надева дека ќе биде следната земја членка на Алијансата.

Поврзани новости