Во полициска акција во Западна Македонија, главно во Гостивар и во околината на градот, полицијата уапси десетина лица, кои вршеле насилство, лихварство, изнуда, перење пари и низа други кривични дела. Како што информира МИА.повикувајќи се на изјава на полицискиот портпарол Иво Котески, едно лице при приведувањето пукало врз полицајците, а уште неколку се во бегство. Меѓу осомничените има и адвокати и извршители, кои им помагле на членовите на криминалната група.
Во меѓувреме, на некои портали на албански јазик осамна вест дека биле фрлени гранати врз полициските станици во Тетово и во Куманово, но од МВР ги демантираа ваквите написи. Од таму појаснија оти детонација имало, ама не во дворот и врз објектот на посочените полициски станици, туку во близина на нив.
Засега, нејасно е кои ги фрлиле бомбите и зошто.