422
Внатрешната контрола на Министерството за внатрешни работи констатирала дека акцијата во Куманово за разбивање на терористичка група била спороведена со висок степен на професионалност, а против тројцата полициски службеници кои поради невнимание му овозможиле на осомничениот Осман Сулејман да избега ќе биде покрената дисциплинска постапка, изјави за телевизија Сител портпаролот на МВР, Иво Котевски.
Според Секторот за внатрешна контрола на МВР, употребата на огнено оружје и средства за присилба за време на акцијата на безбедносните сили во Диво Насеље била оправдана, полицијата дејствувала селективо за да се избегне поголем број на мртви, а истоврено да ја неутрализира криминално терористичката групација.