Мајката на Тамара: Што би правеле да сте на мое место?

by Фокус 19:23
19:23

Граѓанското движење „Протестирам“ денеска, точно 4 месеци по смртта на малата Тамара, орагазира протест за оставка на министерот за здравство, Никола Тодоров. Протестниот марш започна на булеварот Свети Климент Охридски во близина на Владата, а моментално граѓаните се пред Министерството за здравство.

Тука говори одржаа новинарот и активист, Огнен Јаневски и мајката на малата Тамара, Жаклина Димовска.

- Advertisements -

-Периодов многу ликови пробаа да ме обојат во партиска боја поради моите активности, но сакам да ги прашам сите нив – што би правеле да сте на мое место? Дали би останале мирни или би продолжиле да барате правда?, рече мајката на Тамара

Од „Протестирам“ велат дека најодговорен за смртта на Тамара е сѐ уште актуелниот министер за здравство, Никола Тодоров, кој вети дека ќе бидат платени сите трошоци за лекување и операција на Тамара. Притоа, како што велат од движењето, Тодоров излезе од рамките на своите надлежности, а нам ни го одзеде правото да бидеме хумани и сами, како граѓани, да ги собереме потребните средства

 

Поврзани новости