МВР со акциска контрола кон мотоциклистите

by fokus

Во текот на вчерашниот ден беше спроведена контрола, со цел откривање на прекршоци во сообраќајот на мотоциклистите.

„Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 21.08.2019 во периодот од 18.00 до 24.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје. Притоа, откриени се 49 возачи на мотоцикли кои сториле прекршоци и издадени им се исто толку прекршочни платни налози.

Откриени се и 20 останати прекршоци за кои се издадени 10 прекршочни платни налози и 10 мандатни платни налози“, велат од МВР.

 

Поврзани новости