МВР потврди, ракометарот не бил претепан

by Fokus

Министерството за внатрешни работи ги потврди информациите на „Фокус“, дека хрватскиот ракометар Даниел Тот, не бил претепан, туку на КАРИЛ бил донесен во бесознание и срцева акција.

„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вчера (07.04.2022) во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста“, се наведува во соопштението од МВР.

Претходно, сепак тој на скопската Клиника за реанимација, анестезија и интензивно лекување бил донесен без видливи знаци на насилство, но во критична состојба и без срцева акција,

„Ракометарот е во критична состојба. Слободно, можам да кажам дека се бориме за неговиот живот. Но, тоа што е чудно е дека тој нема видливи знаци на насилство. На нашата клиника беше донесен без срцева акција. Правиме се што можеме во моментот за да му го спасиме животот“, вели доктор Мојсова во изјава за „Фокус“.

Ирена Мулачка

Поврзани новости