МВР: Поранешниот градоначалник на Свети Николе незаконски наградил вработени

by Фокус

Поранешниот градоначалник на Свети Николе Зоран Тасев заработи кривична пријава од страна на полицијата поради постоење сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.

„На 21.02.2017 година пријавениот, како градоначалник на општина Свети Николе, донел решенија за награда на шест административни службеници од општина Свети Николе, и покрај тоа што знаел дека согласно член 65 став 4 од Законот за административни службеници со оценка „А“ може да бидат оценети најмногу 5 отсто, односно двајца од 34 административни службеници вработени во општината, и согласно член 68 став 1 од истиот закон, истите да бидат наградени со бонус во износ од една плата примена во последниот месец од 2016 година“, соопштија од МВР.

На тој начин, според полицијата, Тасевт нанел материјална штета од 119.478 денари на општина Свети Николе.

Поврзани новости