МВР поднело осум кривични пријави за подметнување на пожар

by fokus

Владата забрани движење на граѓаните во шумите и шумските подрачја, a полицијата најави кривични пријави и ригорозни казни за подметнувачите на пожари, откако изминативе два дена на повеќе од 12 локации има активни пожари.

МВР поднело кривична пријава против две лица во текот на вчерашниот ден на територијата на Охрид поради подметнување на пожар, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

-Во текот на 2019 година МВР поднесе осум кривични пријави против осум сторители поради предизвикување на пожар на отворен простор. Од тие пријави, две се во текот на вчерашниот ден на територијата на Охрид. МВР ригорозно ќе санкционира било каква појава на подметнувањена пожар и било какви слични дејствија, рече Ангеловски.

Оттаму додаваат дека се отворени истргаи и дека се работи на откривање и на останатите вионвници за настанатите пожари во кои покра шуми и трска беше изгореа или беа оштетени и куќи и помошни објекти.

Поврзани новости