МВР: По убиството на градоначалникот на Боговињe, убиецот пробал да се самоубие

by Fokus

Педесет и осумгодишниот Х.И. денеска во 10.45 часот бил донесен во Медицинскиот центар Тетово, кој имал повеќе прострелни рани по телото добиени од огнено оружје. Веднаш потоа, било констатирано дека градоначалникот на Боговиње починал, соопштија од МВР.

Според полицијата, убиството го извршил Ќ.А. (53) од с. Боговиње во угостителски објект во непосредна близина на општината. На настанот му претходела вербална расправија помеѓу Х.И. и Ќ.А.. Набргу потоа, Ќ.А. се обидел да се самоубие, испукувајќи еден куршум во пределот на главата. Истиот со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Медицински Центар Тетово, од каде поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентниот центар во Скопје.

Увид на местото на настанот вршат Јавен обвинител и увидна екипа од Сектрот за внатрешни работи Тетово.

Поврзани новости