Скопски маратон за ретките болести: Министерството за здравство да не дозволи пациентите да останат без лекови

by Fokus

Подигнување на јавната свест во однос на ретките болести во Македонија и предизвиците со кои тие се соочуваат и нивните семејства во секојдневниот живот, е целта на активностите на здруженијата на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“ и за ретката болест хередитарен ангиоедем – ХАЕ, кои утре ќе учествуваат на Скопскиот маратон.

Претседателот на Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“  од Битола, Весна Алексовска денеска во Градскиот парк изјави дека ќе трчаат затоа што сакаат да се слушне гласот на ретките болести, гласот да биде посилен, повеќе да се запознае јавноста со ретките болести, но пред се, да ги истакнат проблемите со кои се соочуваат и бараат инстититуциите да ги решат.

– Покрај тоа што финансиски беше зголемена програмата и почнаа да се внесуваат нови лекови, што значи во текот на 2015 и 2016 година се внесоа 29 нови за над 18 различни дијагнози, покриени се многу пациенти, сепак се соочуваме со проблем во однос на доцнењето на лекови, веројатно поради политичката криза. Министерството за здравство да не  дозволи пациентите да останат без лекови, затоа што поголемиот дел од нив се во животно загрозувачка состојба доколку не ги добијат лековите кои им се потребни – истакна Алексовска.

Поврзани новости