489
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека од вчера на граничниот премин со Грција се врши селекција на мигрантите кои доаѓаат од Грција, односно се пропуштаат бегалците од земјите каде има војни, а не и економските мигранти кои Македонија ја користат само како транзит до западните земји.
-Согласно мерката, транзит до земјите на ЕУ им се овозможува само на бегалците од државите каде има воени конфликти, односно од Сирија, Авганистан и Ирак, се вели во соопштението од МВР.
Од Министерството велат дека во изминатата недела е забележано континуирано зголемување на бројот на илегални мигранти од земјите од Блискиот Исток, кои ја користат Македонија само за транзит до крајната дестинација.