490
Од македонското Mинистерство за внатрешни работи велат дека немаат официјална потврда од српска страна за затварање на граничниот премин Табановце за мигрантите.
– Официјално изавестување немаме добиено, а од контактите со колегите на Табановце информацијата е дека сообраќајот се одвива нормално и дека нема застој. Засега на граничниот премин никој не е вратен согласно Законот за реадмисија – вели Лиза Бендевска, портпарол на СВР Скопје.