Повредени младоженец и невеста во сообраќајка

by Фокус

Младоженец и невеста се повредени во сообраќајна несреќа на релација Св. Наум – Охрид, откако се враќале од својата свадбена веселба. Од непознати причини возилото се превртило и удрило во бандера.

Младоженецот е потешко повреден, додека невестата која е бремена поминала со полесни повреди.

Враќајќи се од свадбената веселба, од засега не утврдени причини, младоженецот изгубил контрола над возилото, при што возилото се извртело неколку пати и удрило во бандера крај патот.

Поврзани новости