МВР не ја кажува бројката на загинати и повредени во престрелката во Куманово

by Фокус

Во моментот заврши прес-конференцијaта на Министерството за внатрешни рабити, на која наместо, како што очекуваше јавноста да се појави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, информации за инцидентите во Куманово даде портпаролот Иво Котевски. Тој не сакаше да каже, колку припадници на безбедносните сили, но и цивилни лица се повредени, ниту откри дали има жртви.

Котевски само посочи дека полицијата во утринските часови имала акција за разбивање на терористичка група, која имала за цел да нападне државни институции.

– Во државата, пред неколку дена влегле добро вооружени и подготвени за ваквиот напад. Акцијата на полицијата да ја разбие групата наишла на жесток отпор, бидејќи биле нападнати со бомби и снајпери – истакна Котевски.

Тој додаде дека терористите се криеле во Дивата населба, каде што поради збиеноста на куќите и тесните улички била отежната работата на полицијата, поради пшто морале да бидат многу внимателни. Портпаролот додаде, дека акцијата се уште трае, односно се вршат претреси во околните куќи. Тој не сакаше да каже, дали некој од терористите е уапсен, а не сакаше да зборува ниту за повредени, ниту за загинати, истакнувајќи дека ситуацијата е чувствителна и во моментот ги информираат семејствата.

 

Поврзани новости