Американската амбасада жали поради загубените животи

by Фокус

Американската амбасада жали поради загубените животи во акциите во Куманово, но сепак досега нема официјална потврда од македонските власти за загинати лица.

– Длабоко жалиме за загубите на човечки животи во врска со акциите во и околу Куманово и го изразуваме нашето сочувство кон семејствата на загинатите полицајци и граѓани, како и кон оние кои се повредени. Ја следиме состојбата и сме во постојан контакт со властите и со политичките лидери. Ги повикуваме граѓаните да останат смирени и да дозволат утврдување на фактите – се наведува во соопштението од Амбасадата на САД во Скопје.

Поврзани новости