Демократски сојуз: Граѓаните обединети да го осудат нападот на терористите

by Фокус 12:50
12:50

Со соопштение во јавноста се огласи и Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, кои тврдат дека со  загриженост го следат развојот на безбедносните состојби и апелираат на смиреност и воздржаност.

– Демократскиот сојуз ги повикува граѓаните, без разлика на етничката и верската припадност, да се обединат и да ги осудат нападите од терористите, да ги изолираат и да соработуваат со силите за безбедност. Очекуваме граѓаните да им дадат поддршка на силите за безбедност во справувањето со терористите кои ја загрозуваат безбедноста и територијалниот интегритет – се наведува во нивното соопштение.

- Advertisements -

Партијата апелира до сите партии да престанат со меѓусебни обвинувања, а очекува силите за безбедност (полицијата и армијата) на ефикасен начин да се справат со вооружените групи.

 

Поврзани новости