МВР не им ја платила прекувремената работа на 1.500 полицајци

by fokus

Гоце Делчев Тодев од Независниот синдикат на полицијата денеска обвини дека на 1500 полицајци не им се исплатени парите за прекувремена работа.

Тој го повика Министерството за внатрешни работи да им го исплати бонусот на сите полицајци кои имаат одработено 150 часа месечно, а исплатата да биде по принцип една просечна плата на ниво на РМ.

Поголем број на станици се во прашање за кој нивното работење го поминале надвор од нивното работно време. Тоа се оперативните станици. Станува збор за инспекторите кои работат работи кои се надвор од работното време. Најголем број на овие припадници се од ЕБР, од СВР, Скопје и останатите сектори за внатрешни работи, вели Тодев.

Поврзани новости